Канаваро не доби нов договор, заминува од Удинезе
Фабио Канаваро нема да го води Удинезе следната сезона. Тренерот го задржа местото на тимот во Серија А, но и покрај тоа не доби понуда за нов договор. Веста ја објави самиот Канаваро на социјалните мрежи.
„Претседателот Поцо денеска ме информираше за неговата одлука да се разделиме. Му благодарам за можноста што ми ја даде. Жал ми е што не можам да го продолжам ова патување. Сакам да појаснам дека имаше желба од моја страна да го продолжам договорот. Среќно за клубот, играчите и прекрасните навивачи на Удинезе“, напиша Канаваро.
Италијанскиот стручњак го презеде тимот во април кога беа на 17. место, веднаш над зоната за испаѓање. Под водство на Канаваро, тимот од Удине ја заврши сезоната на 15-то место.