Канаваро: Јуве нема да се откаже пак да го освои скудетото

Поранешниот играч на Јувентус и сегашен селектор на репрезентацијата на Узбекистан, Фабио Канаваро, зборуваше за шансите на „старата дама“ да ја освои Серија А оваа сезона.
„Тие се малку зад своите ривали, но не мислам дека треба да се откажат од својот сон повторно да станат шампиони на Италија. Особено со Спалети како нивен главен тренер. Постои шанса. Спалети е тренер кој ме излудува. Отсекогаш ми се допаѓал и кога ги гледате неговите тимови како играат, секогаш има нешто да се научи. Тој е мојот омилен тренер“, изјави Канаваро за „Тутоспорт“.
Јувентус моментално е на петтото место на табелата во Серија А со 26 бода, 7 бода зад лидерот Интер.