Канаѓанец од Лил е најнова трансфер цел на Интер

Интер покажува сериозен интерес кон напаѓачот на Лил, Џонатан Дејвид, пренесуваат италијанските медиуми. Тренерот Симоне Инзаги лично се залага за привлекување на напаѓачот, кого го следи уште минатата сезона.

Примарна цел на „нероаѕурите“ во летниот преоден рок ќе биде доведување на напаѓач бидејќи Џеко е во поодминати години, а Санчез е на излезна врата.

Прв на листата желби е токму Џонатан Дејвид и Интер спрема понуда за младиот напаѓач. 21-годишниот напаѓач оваа сезона постигна 10 гола на 14 меча за Лил и неговата цена изнесува 35 милиони евра.