Канзас се откажа, Хартс дефинитивно го доби Мато

Како што стојат работите според последнитее информации, Хартс ќе биде победникот во ситуацијтаа со Роџерс Мато и голгетерот на Вардар кариерата најверојатно ќе ја продолжи во Шкотска.

Имено, по вчерашната објава на Хартс дека Мато ќе се пресели во нивните редови, денеска Вардар објави дека тие прифатиле понуда од Канзас Сити од МЛС лигата. Сепак, во изјава за „Единбург њуз“ од американскиот клуб потврдиле дека се откажуваат од намерата да го доведат Мато.

„Спортинг Канзас Сити ја разгледуваше можноста за трансфер на Роџерс Мато, но тој одлучи да потпише преддоговор со Хартс и му посакуваме сѐ најдобро во иднина“, соопштија од американскиот клуб.

Дека Мато има договор потврди и портпаролот на Хартс.

„Имаме потпишан договор со играчот и сме целосно смирени околу ситуацијата“, изјави портпарол на Хартс.

Ако нешто не се промени и ситуацијата остане ваква, Мато дресот на Хартс ќе го облече по завршувањето на актуелната сезона.