Кансело не се враќа во Сити, сака да остане во Барса

Португалскиот фудбалер Жоао Кансело сака и следната сезона да
игра за Барселона, бидејќи не планира да се врати во Манчестер
Сити, пренесува британски „Сан“.
Кансело е член на Манчестер Сити, но до крајот на сезоната игра како
позајмен во Барселона. Моментално е еден од најдобрите играчи во
каталонскиот клуб.
Британските медиуми пренесуваат дека португалскиот фудбалер е
задоволен од статусот во Барселона и сака да игра за каталонскиот
клуб и следната сезона. Сепак, Манчестер Сити планира на крајот на
сезоната да го врати Кансело во Англија, а потоа да го продаде.