Канте го пропушта Светското првенство во Катар поради повреда

Фудбалерот на Челзи и француски репрезентативец Нголо Канте нема да настапува на претстојното Светско првенство во Катар.

Во соопштението на Челзи се наведува дека Канте поради операција на бутниот мускул ќе мора да паузира четири месеци. Фудбалерот пред неколку недели се врати на тренинзите, меѓутоа повторно ја обнови повредата поради што мораше да оди на операција. Канте се повреди на 14.август на натпреварот против Тотенхем во Премиер лигата.

Канте настапува за Франција од 2016 година, и беше дел од тимот кој пред четири години го освои Мундијалот во Русија.