Канте заминува од Челзи, Рајс ќе биде негова замена

Челзи планира големи промени на тимот во текот на летниот преоден рок, а клубот може да го напушти и миленикот на навивачите, Нголо Канте.
Англиските медиуми пренесуваат дека Челзи одлучил на лето да го продаде Канте, бидејќи веќе нашол негова замена.
Голема желба на „сините“ е ѕвездата на Вест Хем, Деклан Рајс, кој оваа сезона игра фантастично и е еден од најдобрите играчи за врска во Премиер лигата. Токму поради тоа Челзи е спремен да го продаде Канте и со тоа да го финансира трансферот на Рајс, бидејќи Вест Хем за неговата слобода бараат 100 милиони евра.
30-годишниот Канте на лето ќе влезе во последната година од договорот и „сините“ веруваат дека сега е идеално време за негова продажба.