Канте најави заминување од Челзи
Конфузниот старт на сезоната на „Стемфорд Бриџ“ беше проследен со проблеми од крајот на претходната сезона.
Доаѓањето на Тод Боли на чело на Челси најави промени, новиот сопственик сака долгорочен проект како оние што ги направија Манчестер Сити или Ливерпул. Сепак, се чини дека „сините“ се пред сериозен број промени.
Летово клубот го напуштија играчите како Рудигер, Лукаку, Кристенсен, Алонсо итн., а по нивните стапки би можел да тргне и Нголо Канте.
Пари Сен Жермен летово го засили средниот ред со Витиња, Ренато Санчез и Фабијан Руиз, но според турскиот новинар Екрем Конур, специјализираниот за трансфери, Луис Кампос очигледно мисли дека на овие играчи им е потребна поддршка од некој кој знае како да ги освојува најважните трофеи.