Канте сака трансфер во Барселона
Фудбалерот на Челзи, Нголо Канте, посакува да потпише преддоговор со Барселона во јануари, и да му се приклучи на екипата од Камп Ноу како слободен играч следното лето.
Барселона е во потрага по засилување од средината на теренот, но под услов играчот да биде доведен без обештетување. Како кандидати за преселба во Барса се споменуваат и Жоргињо од Челзи, Тилеманс од Лестер, како и Мартин Субименди од Реал Сосиедад.
Според некои информации, управата на Барселона веќе имала разговори со претставниците на 31-годишниот Канте, со цел финализирање на овај трансфер. За францускиот фудбалер интерес покажуваат и италијанските клубови Јувентус и Интер.