Канте се повреди, го чекаат неколку недели пауза
Томас Тухел на прес-конференција изјави дека францускиот играч за врска Н’Голо Канте ќе биде надвор од терените неколку недели поради повреда.
„Зборуваме за недели, ова е лоша вест. Разочарани сме и вознемирени, Н’Голо беше во одлична форма“, изјави Тухел.
Играчот од средниот ред ја повреди тетивата во дербито со Тотенхем во второто коло од Премиер лигата и беше заменет. Тухел исто така истакна дека албанскиот напаѓач Армандо Броја и хрватскиот играч за врска Матео Ковачиќ ќе го пропуштат натпреварот против Лидс Јунајтед оваа недела поради повреди.
По две кола од новата сезона на англиската Премиер лига, Челзи е на седмото место со четири бода. Сините го совладаа Евертон (1-0), но ремизираа со Тотенхем (2-2).