Канте со парите од Саудиска Арабија си купи клуб во Белгија

Новиот фудбалер на Ал Итихад, Нголо Канте, откако потпиша за клубот од Саудиска Арабија и си обезбеди милиони на своето конто, успеа да си купи фудбалски клуб во Белгија.

Станува збор за фудбалскиот клуб Ексцелсиор Виртон, кој ќе се натпреварува во третата белгиска лига, откако на крајот од оваа сезона бил елиминиран во понизок ранг.

„Воден од својата страст кон фудбалот, Канте има за цел да продолжи со консолидирањето на овој клуб и да ја оживее неговата традиција“, порача клубот од Белгија.

Нголо Канте пред само неколку дена го потпиша договорот со клубот од Саудиска Арабија, вреден 100 милиони долари. Французинот претходно настапуваше за Челси, Лестер, Каен и Булоњ.

За репрезентацијата на Франција има одиграно 53 натпревари и постигнато два гола.