Кан: Левандовски има договор со нас и мора да го почитува

Роберт Левандовски не сака да потпише нов договор со Баерн и тоа полскиот голгетер веќе јавно го соопшти.

Левандовски има договор со Баерн до летото 2023 година и прашање е дали до тогаш ќе остане во Минхен или клубот ќе го продаде во летниот преоден рок кој следи. Обично во клубовите не сакаат да ги задржуваат незадоволните играчи, но Оливер Кан со малку „остар“ тон го изнесе своето мислење на оваа тема.

„Му понудивме нов договор на Левандовски, а тој го одби. Факт е дека има важечки договор со нас кој мора да го почитува и тоа е тоа“, порача Кан.