Кан против олигарсите во светот на фудбалот
Извршниот директор на Баерн Минхен, Оливер Кан, го искажа цврстиот став дека не прифаќа влез на олигарси во клубовите вклучувајќи ги и Баварците.
„Олигарсите дефинитивно немаат никаква улога во нашата иднина. Тие никогаш немале и никогаш нема да имаат, Олигарх не е вистинскиот збор за да се опише случувањето во светот на фудбалот. Станува збор за цели земји кои поседуваат акции во клубови како Саудиска Арабија во Њукасл или Катар во Пари Сен Жермен“, вели поранешниот голман.