Каоимин Келехер заминува од Ливерпул ова лето

По потврденото заминување на Трент Александер-Арнолд, Ливерпул е на пат да се раздели и со уште еден свој играч. Станува збор за резервниот голман Каоимин Келехер.
Според пишувањата на англискиот печат, се очекува резервниот голман да замине од тимот ова лето, особено што во Ливерпул доаѓа Гиорги Мамардашвили, кој уште минатото лето беше купен од Валенсија за 38 милиони долари и моментално е на позајмица во шпанскиот тим. Тој ќе го замени Келехер како заменик на Алисон Бекер. Алисон, кој ја потврди својата посветеност на Ливерпул, има договор до 2027 година.