Капело ги избра најдобрите фудбалери на сите времиња

Легендарниот тренер, Фабио Капело, зборувајќи за Ламине Јамал, младата ѕвезда на Барселона, се осврна на темата фудбалски генијалци и спомна неколку играчи.

Меѓу нив го нема Кристијано Роналдо. Запрашан дали Јамал може еден ден да биде нешто слично како Лео Меси во Барселона, италијанскиот тренер многу јасно објасни како стојат работите.

„Ламин е брилијантен и многу интересен но, нема да биде брилијантен како Меси, Пеле и Марадона. Тие беа генијалци”, вели Капело.