Капело одби секаква поврзаност со клупата на Рома

Рома е во потрага по тренер, бидејќи јасно е дека Клаудио Раниери е привремено решение. Искусниот стратег не сака долгорочно да остане на клупата на „волчицата“.

Новинарите со улогата тренер го поврзаа и Фабио Капело, а 78-годишникот веднаш одговори на тие шпекулации.

„Во моите години не можам да бидам повеќе тренер. Не сакам да кажат дека сум малку сенилен, да не ме сакаат во клубот. Мене одамна ми е време за пензија. Се надевам дека Рома внимателно ќе одбере тренер. Раниери добро се носи со ситуацијата и верувам дека сакаат да се фокусираат на некој што ќе ја цени специјалната атмосфера“, изјави Капело.

Фабио Капело ја водеше Рома од 1999 до 2004 година како дел од својата богата кариера.