Капело типува на европска селекција како нов светски првак

Фабио Капело ги откри своите главни фаворити за СП 2026 во Северна Америка, ставајќи ги Франција и Шпанија на самиот врв на листата на кандидати за титулата пред јужноамериканските гигант – Аргентина и Бразил.
Според него, токму овие две селекции моментално го поседуваат највисокиот технички квалитет и најкомплетен состав.
„Франција и Шпанија се главните фаворити. Располагаат со највисоко ниво на техничка извонредност,“ изјави Капело.
Италијанецот сепак не ги отпиша останатите европски гиганти, па со внимание ја спомена и Англија под водство на Томас Тухел, за која смета дека може да биде сериозен фактор на турнирот.
„Ме интригира Англија со Тухел. Германија имаше пад во формата и ќе биде интересно да се види како ќе се развиваат,“ додаде тој.
Капело дури потоа ја спомна Јужна Америка, истакнувајќи ја Бразил како селекција која секогаш мора да се земе предвид, особено под водство на Карло Анчелоти.
„Имам симпатии кон Бразил на Анчелоти. Тој има неверојатен карактер и брзо се адаптира на секоја средина, а тоа не е лесно во Бразил,“ нагласи Капело.