Капитенот на Јунајтед отворен за преселба во Саудиска Арабија или САД

Бруно Фернандеш наводно е отворен за трансфер во странство по завршувањето на сезоната 2025/26, при што опциите во Саудиската Про Лига и МЛС се дел од можните дестинации. Иако засега останува целосно посветен на Манчестер Јунајтед, капитенот на тимот размислува за следната фаза во неговата кариера, по завршувањето на Светското Првенство во 2026 година. 

Интересот од саудиските клубови не стивнува. Ал-Итихад неодамна испратил богата понуда во вредност од околу 33 милиони фунти годишно. Фернандеш претходно ја одби сличната понуда од Ал-Хилал, нагласувајќи дека сè уште сака да се натпреварува на највисоко ниво во Европа. 

Сепак, со приближувањето на 32-от роденден во 2026 година и влегувањето во завршната фаза од договорот со Јунајтед, се зголемува неговата отвореност кон трансфер во странство. Извори блиски до играчот велат дека идејата за нов предизвик – било на Блискиот Исток или во САД – станува сè поинтересна за него. 

Манчестер Јунајтед, наводно нема намера да се раздели со Фернандеш барем до крајот на сезоната 2025/26. Клубот го гледа како клучна фигура и лидер на теренот. Сепак, доколку пристигне сериозна понуда од Саудиска Арабија, не се исклучува можноста раководството да преиспита дел од своите позиции – особено ако се земе во предвид финансискиот аспект. 

Во меѓувреме, се очекува Фернандеш да ја одигра сегашната сезона со Јунајтед. Но по 2026 година, ново поглавје во неговата кариера сè повеќе се насетува.