Капитенот Чахланоглу им се извини на фановите за мундијалскиот дебакл

Капитенот на Турција, Хакан Чалханоглу, не го криеше разочарување по поразот од Парагвај кој ја отпиша неговата земја од фазата на елиминации на Светското првенство.
„Во моментов е многу тешко да се пронајдат вистинските зборови. Напаѓавме, шутиравме, создававме шанси но, топката едноставно не сакаше да влезе во голот“ – рече Чалханоглу.
Според најавите, капитенот на Турција веројатно го одигра последниот Мундијал во неговата богата кариера.