Карабатиќ го брка рекордот на Сигурдсон
На Европското првенство во ракомет во Германија, Никола Карабатиќ, репрезентативецот на Франција, има шанса да го достигне рекордот според бројот на постигнати голови.
Карабатиќ на досегашните ЕП има постигна 279 гола и е блиску до Исланѓанецот Гудјон Валур Сигурдсон, кој со 288-те голови е најефикасниот играч на сите времиња.
Никола Карабатиќ со 71 одигран меч на ЕП е рекордер. Тој е и меѓу тројцата играчи во историјата на ЕП кои по двапати биле прогласувани за МВП. Другите двајца се Хрватот Ивано Балиќ и Швеѓанецот Џим Готфридсон.
Најмногу голови на едно ЕП, 2020-та, има дадено Норвежанецот Сандер Сагосен, 65. Хрватска, Франција и Шпанија се трите репрезентации кои играле на сите ЕП од 1994 година па досега.
Шпанија има најмногу медали од ЕП, вкупно девет. Најмногу злата има Шведска, пет. Шест земји имаат освојувано златни медали на 15 првенства, меѓу кои ќе ја нема Русија поради воената ситуација во Украина.