Карабатиќ на списокот на Жил за Европското првенство
Селекторот на Франција, Гијом Жил, го дефинираше списокот на репрезентативците кои треба да настапат на Европското првенство во ракомет.
Голмани: Реми Дезбоне, Винсент Жерар, Весли Пардин. Леви крилa: Уго Деска, Дилан Нахи, Леви бекови: Карл Конан, Ромен Лагард, Тибо Брие. Средни бекови: Кентин Мае, Ајмерик Мин, Никола Карабатиќ. Пивоти: Лудовик Фабрегас, Николас Турна, Тео Монар. Десни бекови: Дика Мем, Мелвин Ричардсон, Жулиен Бос. Десни крила: Беноа Конку, Јанис Лен, Валентин Порт.
„Триколорите“ кои се вбројуваат меѓу фаворитите за освојување на медал, првенството ќе го започнат во групата Ц во која се уште Србија, Хрватска и Украина.