Карвахал добива нов договор во Реал

Реал Мадрид е подготвен да го продолжи договорoт со 32-годишниот десен бек Даниел Карвахал, кој завршува летото 2025 година, објави „АС“.

Според изворот, од Реал Мадрид имаат намера да му понудат на Карвахал продолжување на договорот за уште една сезона. Сепак, се нагласува дека во моментов раководството на мадридскиот клуб сака да ја реши ситуацијата со продолжување на договорите на играчот од средниот ред Лука Модриќ и Лукас Васкез.

За 32-годишниот фудбалер интерес пројавуваат и клубови од Саудиска Арабија.

Да потсетиме, минатата сезона Карвахал учествуваше на 42 натпревари на сите турнири, на кои постигна седум гола и пет асистенции. Според информациите објавени на порталот Трансфермаркт, пазарната вредност на фудбалерот е 12 милиони евра.