Карецас заврши во болница по мечот со Виљареал

Борусија со победа ја започна сезоната во Лигата на шампионите. Триумфот над Виљареал (3-2) го засени повредата на Констангтинос Карецас.

Малерот на „милонерите“ е упште поголем ако се знае дека пред неколку дена сериозно се повреди Јанис Константелијас.

Во 23-тата минута од натпреварот, грчкиот фудбалер одеднаш седна на тревата и веднаш побара промена. Медицинскиот тим реагираше брзо, на Карецас му беше укажана помош неколку минути, по што беше изнесен од теренот на носилки.

По завршувањето на првото полувреме, Борусија Дортмунд објави што се случило.

„Константинос Карецас мораше да го напушти теренот на натпреварот против Виљареал поради проблем со циркулацијата. Коста се чувствува добро под овие околности и е на пат кон болница за понатамошни прегледи“, објави Дортмунд.

Засега нема подетални информации за тоа што ги предизвикало проблемите кај младиот грчки фудбалер, ниту колку долго би можел да отсуствува од теренот.

Дополнителните прегледи ќе покажат во што е проблемот.