Карим Бензема со условна казна од една година

Францускиот репрезентативец, Карим Бензема, заработи условна казна од една година од судот во Париз поради негова вмешаност во обид за уцена на својот поранешен соиграч во репрезентацијата,Матје Валбуена.

Ѕвездата на Реал ќе мора да плати и казна од 75 илјади евра. Одлуката на судот беше објавена неколку часа пред неговиот настап за Реал Мадрид против екипата на Шериф Тираспол во Лигата на шампионите.

Случајот е познат од 2015 година, кога Валбуена беше уценуван со експлицитно видео, со цел уценувачите да земат пари од него во замена за необјавување на видеото.