Кари уште една недела ќе ја лечи повредата

Кошаркарот на Голден Стејт Вориорс, Стеф Кари, нема да игра барем уште една недела откако магнетна резонанца покажа дека има воспаление на кокцигеумот.
Тоа го изјави главниот тренер на „воините“ Стив Кер. Еден од најдобрите играчи во НБА беше повреден минатата среда кога лошо падна на грб додека се обидуваше да шутира за три поени.
Кари во тековнава сезона одигра 39 натпревари со просек од 29 поени, 5,3 скока и 6,2 асистенции. Екипата на Голден Стејт во Западната конференција со 22 победи и 22 пораза го има деветтото место.