Карлос Аугусто верен на Интер

Медиумите во Италија денеска објавија дека челниците на Интер ќе ја продолжат соработката со Карлос Аугусто.

Според наведеното, двете страни начелно се согласиле да го потпишат договорот кој ќе биде валиден до 2031 година. Актуелниот договор на бразилскиот фудбалер со „нероаѕурите“ е до јуни во 2028.

Тој во сезонава одигра девет натпревари во Серија А. Постигна два гола и направи две асистенции.