Карлос Делфино објави пензија на 43 години

Познатиот аргентински кошаркар, Карлос Делфино, официјално соопшти дека става крај на долгата и богата кариера.

43-годишниот Делфино играше повеќе од две децении во неколку славни клубови, а минатите две сезони ги мина во италијанскиот второлигаш, Бенедето Ченто.

Во текот на кариерата настапуваше уште за Пезаро, Фортидудо Болоња, Торино, Басконија, Бока Јуниорс, Химки и Реџо Калабрија.

Имаше и завидна НБА етапа, каде го носеше дресот на Хјустон, Милвоки, Торонто и Детроит.

Минатата сезона ја комплетираше со просек од 11 поени, 2,8 скокови и 2,1 асистенции по наптпревар.