Карлос Пујол се врати во фудбалот и ќе работи во Андора

Легендарниот поранешен шпански репрезентативец Карлес Пујол доби нов ангажман. 48-годишната икона на Барселона ќе се приклучи на Интер Клуб д’Ескалдес од Андора.
Пујол така се враќа во фудбалот по 2015 година и краткиот ангажман во Барселона, клубот во кој ја помина целата своја играчка кариера.
Каталонскиот клуб повторно го контактираше во 2019 година, нудејќи му функција спортски директор, но тој тогаш ја одби понудата.