Карлос Тевез стави крај на богатата кариера
Поранешниот аргентински репрезентативец, Карлос Тевез објави дека ја напушта Бока Јуниорс и заминува во пензија на 37 година.
„Сега можам да кажам дека се повлекувам, иако можно е за три месеци да се разбудам и да посакам повторно да играм. Но, никогаш повторно нема да биде дел од Бока. Ова е ден од моите најтажни денови, но верувам дека носам правилна одлука. Бока е мојот живот и не смеам да бидам само просек тука. Ако не можам да дадам 100%, подобро е да се повлечам.“ – изјави Тевез.
Тевез кариерата ја започна во Бока Јуниорс по што ги носеше дресовите на Коринтијанс, Вест Хем, Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити и Јувентус.