Карпин: Македонија е најпосакуван ривал за во баражот

Бараж двојките за пласман на Светското првенство во Катар 2022, ќе бидат познати во петок. Македонија ќе биде во групата на неносители што значи дека сме потенцијален противник на Русија, во натпревар кој ќе се игра на нивни терен.
Со коментар за оваа можност своја изјава даде и селекторот на руската репрезентација, Валери Карпин.

„Македонија би била идеален противник за Русија во баражот. Сите ја посакуваат македонската репрезентација за свој ривал,не само ние. Но мора да знаеме дека Македонија не е за потценување иако се во групата на неносители. Ние ќе мора да ја оправдаме улогата на фаворит доколку навистина би играле против нив“, изјави Карпин.