Касано: Време е Роналдо да ја заврши играчката кариера
Поранешниот италијански фудбалски репрезентативец Антонио Касано му порача на Кристијано Роналдо дека е време да ја заврши кариерата, пренесуваат медиумите во Италија.
Португалија не успеа да се пласира на завршниот турнир во Лигата на нации, откако во Брага доживеа пораз од Шпанија со 1:0.
Португалските медиуми и навивачи го окривуваат Роналдо за поразот, и истакнуваат дека тој бил еден од најслабите играчи на теренот, кој по завршетокот на дуелот ја фрли капитенската лента на теренот.
Касано вели дека Роналдо во овој момент треба да си направи услуга и да сфати дека е време да се повлечи од фудбалот бидејќи не може да игра на високо ниво, и веќе освои доволен број на трофеи во кариерата.
37-годишниот Роналдо за Португалија одигра 191 натпревар и има постигнато 117 гола.