Касано: Јуве игра како ѓубре, Алеггри е најголем виновник
Јувентус во четвртокот беше елиминиран во полуфиналето од Лигата на Европа од Севиља по продолженија, па така оваа сезона ја заврши без освоен трофеј.
Поради тоа поранешниот италијански репрезентативец, Антонио Касано жестоко го критикуваше тренерот на „старата дама“, Масилијано Алегри.„Севиља заслужено го елиминираше Јувентус. Одигра навистина добро и знаеше што прави со топката во тешки ситуации. Беше тоа натпревар во кој Шпанците играа од почетокот до крајот. Јувентус имаше две контри и две шанси од перекин, откако постигнаа гол се затворија. Јувентус секогаш е така во Европа изгледа како ѓубре“, порача Касано.
За Касано виновник за ваквата игра на Јувентус е само Алегри.
„Две години не одиграле пристоен натпревар, а сега Алегри кој е виновник за таквата игра ќе зборува за потешкотиите кои ги имал. Дефинитивно не заслужија да играат финале во Лигата на Европа“, изјави Касано.