Касемиро го чека кратка пауза, ќе прескокне неколку натпревари
Манчестер Јунајтед објави дека играчот од средниот ред Касемиро останал во татковината за да се опорави од ситната повреда заработена на квалификацискиот меч со Уругвај за СП.
Тоа значи дека стандардниот првотимец нема да игра на викенд-дуелот со Шефилд Јунајтед во рамките на Премиер-лигата. 31-годишниот Бразилец ќе се врати во клупската база во почетокот на наредната работна недела.
Касемиро нема да му биде на располагање на Тен Хаг и на мечот со Копенхаген во Лигата на шампионите бидејќи заработи црвен картон на средбата со Галатасарај.