Касемиро за 70 милиони евра се сели во Манчестер Јунајтед

Англиските медиуми ја пренесуваат веста дека Манчестер Јунајтед постигнал договор со Реал Мадрид околу купувањето на бразилскиот фудбалер Касемиро.

Според деталите, Јунајтед за 30-годишниот играч од средината на теренот ќе плати 70 милиони евра, а Касемиро ќе потпише четиригодишен договор со плата од 18 милиони евра по сезона.

Големи се шансите Касемиро своето деби во новиот клуб да го има веќе во понеделник во дербито со Ливерпул на Олд Трафорд.