Касемиро неизвесен за дуелот против Бетис
Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Касемиро би можел да го пропушти првиот натпревар од осминафиналето на Лига Европа против Бетис. Причина за ова е што Бразилецот заработи повреда на дербито со Ливерпул. Тој беше заменет во 77. минута од катастрофалниот меч за „црвените ѓаволи“, а на негово место се појави Марсел Забицер.
Касемиро, кој е клучен играч во тимот на Ерик тен Хаг, досега настапуваше на сите натпревари на Манчестер Јунајтед во Лига Европа. Беше клучен за елиминирање на Барселона во претходното коло.
Ако Бразилецот го пропушти дуелот на „Олд Трафорд“ во четврток, партнер во средината на теренот на Фред ќе биде некој помеѓу Мектоминеј и Забицер.
Касемиро го пропушти вчерашниот тренинг на Манчестер Јунајтед и е испратен на дополнителни тестови. Клубот се уште не објави официјална информација за неговата состојба.