Касемиро сака да си замине, Јунајтед веќе бара замена

Бразилскиот репрезентативец Касемиро не е задоволен од тоа како се
одвиваат работите во Манчестер Јунајтед и сака да си замине од „Олд
Трафорд“.
Тој не е во добри односи со тренерот Тен Хаг и жали што го напушти
Реал Мадрид за да се пресели во Манчестер Јунајтед, кој и оваа
сезона има слаби резултати. 31-годишниот играч за врска пристигна
во Манчестер во летото 2022 година за сума од 70 милиони евра, но
никогаш не пружи игри како тие во Мадрид.
Клубот веќе бара негова замена, а прва мета е Жоао Невеш од
Бенфика. 19-годишниот фудбалер дебитираше за португалската
репрезентација и важи за еден од најголемите таленти во Европа.