Каспер Шмајхел и Торган Азар пред потпис со Андерлехт
Каспер Шмахјел кариерата ја продолжува во Белгија во редовите на
Андерлехт.
Шмајхел со Андерлехт ќе стави потпис до крајот на актуелната
2023/2024 сезона. Екс-капитенот на англиски Лестер на крајот на
минатиот месец остана без клуб кога беше ослободен од Ница.
Во меѓувреме медиумите во Белгија објавија и дека блиску до потпис
со овој клуб е Торган Азар од Борусија Дортмунд. Според најавите
братот на Еден Азар ќе потпише договор на четири години за сума од
околу пет милиони евра.
Преодниот рок во Белгија е отворен до утре, па набрзо се би требало
да биде официјализирано.