Кастиљехо потпиша за клуб од Малезија

Шпанскиот фудбалер Саму Кастиљехо започна ново поглавје во неговата кариера и потпиша договор за малезискиот клуб Јохор Данул Тазим.

Во овој клуб Шпанецот пристигнува како слободен фудабелр откако во последните шест месеци беше без клуб. Претходно, последниот клуб за која настапуваше беше Валенсија.

Станува збор за клуб кој доминира во малезискиот фудбал и со Кастиљехо продолжи да се засилува со шпански фудбалер. Тој стана дури 13-тиот шпански фудбалер во тимот.

Клубот верува дека Кастиљехо со своето искуство од Ла Лига и Серија ќе им помогне во походот кон Азиската Лига на шампиони.