Кастро ја одведе Болоња во полуфиналето на Копа Италија
Фудбалерите на Болоња се пласираа во полуфиналето на Купот на Италија со победата од 1-0 над Аталанта во Бергамо.
Иако се работи за две екипи кои учествуваа во Лигата на шампионите, овој исход е изненадување, со оглед на формата, па дури и квалитетот што го покажаа оваа сезона.
Болоња ги издржа сите напади на „божицата“ и во 80. минута ја шокираше и ја елиминира од натпреварувањето.
Тогаш голот со кој Болоња се пласираше во полуфиналето го постигна Сантијаго Кастро, Аргентинецот погоди по центаршутот на Ликојанис од слободен удар.
Болоња во полуфиналето ќе игра со победникот од натпреварот помеѓу Јувентус и Емполи.
Другата полуфинална двојка ќе ја сочинуваат победниците од дуелите Милан – Рома и Лацио – Интер.