Катарските сопственици продаваат малцински дел од акциите во ПСЖ
Катарците најавија дека ќе продадат малцински удел во ПСЖ, пишува авторитетното издание The Athletic. Компанијата која го купи мнозинскиот пакет акции во 2011 година сега е подготвена да се раздели со мал дел од него.
Катарците инсистираат дека ќе останат целосно посветени и не планираат да се повлечат од целосното владеење на францускиот шампион.
„Немаме интерес да го продадеме клубот. Тоа ќе биде само малцински удел. Сопствениците се посветени на клубот, што може да се види со парите што ги даваме на новиот полигон и стадион. Тоа се долгорочни инвестиции. Ова е можност да го подигнеме нашиот бизнис на следното ниво и конкретно на клучните пазари како САД“, рече главниот директор за приходи Марк Армстронг.
Арктос Партнерс е најверојатната компанија кој аќе влезе со свои финансии во ПСЖ. Американците веќе поседуваат делови од кошаркарски и бејзбол клубови.