Катар го отвори својот шести стадион за Светското првенство во фудбал

Катар официјално го отвори шестиот од вкупно осум стадиони на кои ќе се играат натпревари од Светското првенство во фудбал 2020 година.
Стадионот е наречен Ал-Тумама, и е со капацитет од 40.000 гледачи. Ова фудбалско здание ќе биде домаќин на шест натпревари во групната фаза од првенството, односно едно осминафинале и едно четвртфинале.
Стадионот Ал-Тумама се наоѓа на 12 километри јужно од главниот град Доха. По завршувањето на Мундијалот капацитетот на објектот ќе биде намален од 40 на 20 илјади седишта.