Каунас ќе биде домаќин на финалниот турнир во Евролигата

Завршниот турнир на кошаркарската Евролига ќе биде одржан во Каунас, Литванија, од 19 до 21 мај, соопштуваат претставниците на лигата.

Во соопштението се вели дека натпреварите од фајнал-фор ќе се одиграат во Жалгирио арена. Во петок 19 мај на програмата се полуфиналните средби, додека натпреварот за третото место и финалето ќе видат два дена подоцна, односно во недела 21 мај.

Претседателот на Евролигата, Дејан Бодирога, истакнува дека е благодарен на Каунас и Жалгирис на нивната посветеност и интерес да бидат домаќини на Ф4 турнирот, и се надева дека екипите и навивачите ќе приредат уште една незаборавна организација.