Квадрадо го продолжува договорот со Јувентус
Играчот од средниот ред на Јувентус, Хуан Квадрадо ќе го продолжи договорот со неговиот сегашен клуб Јувентус.
Раководството на торинскиот клуб е подготвено за нов договор со 33-годишниот фудбалер со важност до летото 2023 година, објавува италијанскиот Тутоспорт.
Минатата сезона, Квадрадо одигра 40 натпревари за Јувентус, постигна 2 гола и имаше 10 асистенции.
Актуелниот договор на играчот е со важност до 2022 година. Покрај за Јувентус, Квадрадо во кариерата има настапувано за Челзи, Фиорентина, Лече, Удинезе и Индепендиенте Меделин.