Квартараро е нов шампион во кралската класа МотоГП

Пеко Бањаја имаше нова извонредна трка на домашно тло како што беше и пред неколку недели, но за разлика од тогаш, денеска не успеа да ја заврши трката за Големата награда на Емилија Ромања и практично го прокламираше Фабио Квартараро во нов светски шампион.

Италијанецот ја предводеше денешната трка на Мизано од самиот старт и одлично одолеваше на Марк Маркез кој беше залепен за опашката од неговиот мотоцикл, но кога се чинеше дека почна да му се одлепува на Шпанецот, следеше голема грешка на четири круга пред крајот.

Бањаја загуби контрола над своето Дукати и излета од стазата, па наместо да го одложи шампионското славје на Квартарато кој денеска се мачеше со старт од 17-то место, на крајот го прокламираше младиот Французин во нов Мото ГП шампион.

Марк Маркез стигна до трета победа оваа натпреварувачка сезона и зад него заврши колегата од Хонда, Пол Еспаргаро, но сето тоа падна во сенка на големата вест поврзана за Квартараро.