Квича Кварацкелија фаворит за „Златната топка“

Крилниот напаѓач на Пари Сен Жермен, Хвича Кварацкелија, го искористи летото за интензивни подготовки со цел да влезе во новата сезона со јасна цел, освојување на Златната топка. „Лекип“ изненадувачки го прогласи грузискиот напаѓач за прв фаворит за освојување на Златната топка оваа година.
Иако го пропушти Светското првенство во 2026 година, бидејќи Грузија не успеа да се квалификува за турнирот што се одржа во САД, Мексико и Канада, Кварацкелија не се откажа од својата амбиција да ја освои Златната топка.
Според „Лекип“, крилниот напаѓач на ПСЖ го помина летото на индивидуални тренинзи наместо на одмор за да го дочека почетокот на сезоната во врвна форма. Неговиот план е да има одличен почеток пред да започне гласањето за престижната награда на почетокот на септември.
Во тој период, неговите соиграчи кои играа на Светското првенство, како Усман Дембеле, веројатно сè уште ќе го фаќаат натпреварувачкиот ритам. Кварацкелија се надева дека одличниот почеток на сезоната ќе го одржи меѓу главните кандидати.