Квича оди под нож, се враќа следната сезона

Крилниот фудбалер на Пари Сен Жермен, Хвича Кварацелија, кој заработи повреда на мечот со Барселона во 3 коло во Лигата на шампионите, се очекува да биде подложен на операција на предните вкрстени лигаменти во почетокот на оваа недела, објави „Л’Екип“.

Според изворот, точниот датум сè уште не се знае. Наводно операцијата ќе се изврши во Медицинскиот центар – „Аспетар“ во Катар. Грузиецот ги скина предните вкрстени лигаменти на десното колено и беше заменет во 59-тата минута.

Тој нема да игра на мечевите со Вилјареал, Рома, Астон Вила, Комо и Галатасарај или до крајот на групната фаза во Лигата на шампионите