Кевин Дансо од Ленс се сели во Јувентус
Јувентус е се поблиску до потписот на Кевин Дансо, австрискиот централен дефанзивец од екипата на Ленс. Според новинарот Џанлука Ди Марцио, „бјанконерите“ ги интензивирале контактите со францускиот клуб, добивајќи првично зелено светло за можната трансакција.
По заминувањето на Данило и повредата на Калулу, раководството на Јувентус го идентификуваше Дансо како идеално засилување за дефанзивниот ред. Понудата што ја направи клубот од Торино вклучува чиста позајмица од 2,5 милиони евра плус 1,5 бонуси, а тоа е и најдобрата опција за Ленс кој изгледа подготвен да ја прифати.
Сепак, во последните неколку часа Рен се обиде да влезе во преговори со Дансо со поатрактивна понуда, па сега останува Јуве да се потруди малку повеќе ако го сака Дансо во својот тим оваа зима.