Кевин Де Брујне доби тренерска лиценца

Фудбалерот на Манчестер Сити, Кевин Де Брујне, по завршетокот на сезонава ги положи потребните испити и се здоби со УЕФА тренерска А лиценца.

Очигледно дека 30-годишниот Де Брујне кој има договор со Сити до 2025 година, има подготвен план за работа после својата играчка кариера.

Фудбалерот својата тренерска лиценца ја доби во фудбалскиот сојуз на Белгија, каде и ја посетуваше обуката уште од 2019 година. Тренерската А лиценца му овозможува на Де Брујне да биде тренер на екипи до 18 години и тимови од пониските лиги.