Кевин Де Брујне се фокусира на дербито со Ливерпул
Белгиецот Кевин Де Брујне, беше стрелец на единствениот гол од четвртфиналниот натпревар во Лигата на шампионите помеѓу екипите на Манчестер Сити и Атлетико Мадрид.
„Беше навистина тешко, поготово првото полувреме. Во второто имавме неколку шанси и добро е што успеавме да искористиме една од нив. Фил Фоден одлично ме проигра, и јас останав присебен и успеав да го постигнам голот. Атлетико играше со пет играчи во одбраната и пет во средината. Очекувам слична игра и во реваншот наредната недела. Но пред тоа нашиот тим има голем натпревар во Премиер лигата против Ливерпул. Сите со нетрпение го очекуваме овој дуел кој може да биде и натпревар на сезоната“, истакнува Де Брујне.