Кевин Дурант е прогласен за најдобар кошаркар во американската репрезентација
Играчот на Бруклин Нетс, Кевин Дурант, ја доби наградата за најдобар кошаркар во репрезентацијата на Соединетите Американски Држави.
Дурант оваа престижна награда ја добива по трет пат во својата кариера, во 2010 година самостојно а во 2016 заедно со Кармело Ентони.
Кевин Дурант беше предводник и најкорисен играч во американскиот Дрим тим при освојувањето на златото на Олимписките игри во Токио. Тој во просек забележа 20,7 поени, 5,3 скокови и 3,7 асистенции.
„Ова огромно достигнување за мене. Ми беше чест да ја претставувам мојата земја пред најдобрите светски спортисти. Многу големи играчи настапувале за националниот тим низ историјата, а јас сум на самиот врв со нив, што е голема чест за мене.Благодарен сум што ја добив оваа награда“, изјави Дурант.